3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пилотот изгубил свест, авион на „Монтенегро ерлајнс“ принудно слетал во Русија

Авионот на црногорската компанија „Монтенегро ерлајнс”, кој од Тиват летал кон московскиот аеродром Москва-Домодедово, принудно слетал во рускиот град Калуга, откако пилотот ја загубил свеста, соопшти извор од службата за авијација.

Изворот изјави за агенцијата ТАСС дека на капетанот му се слошило и изгубил свест кога авионот се приближувал кон Москва и веќе се спуштил на пониска височина.

„Поради тоа е извршено принудно слетување на аеродромот во Калуга“, вели изворот на руската агенција, додавајќи дека слетувањето било направено нормално и дека никој не бил повреден.

Засега нема информации за здравствениот статус на пилотот. Калуга се наоѓа југозападно од Москва.

Спонзорирано: