12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчкиот премиер најави намалување на даноците

Грчката влада ќе поднесе предлог-закон до парламентот во наредните недели за намалување на даноците, рече новоизбраниот премиер Киријакос Мицотакис на својот прв состанок на кабинетот во средата.

Новиот парламент ќе положи свечена заклетва следната недела по изборите што се одржаа во неделата, а на кои победи конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија.

Нова демократија вети серија даночни намалувања, вклучувајќи намалување на корпоративниот и данокот на доход. Во средата Мицотакис не прецизира кои даночни реформи ќе ги содржи новиот закон.

Мицотакис, кој го замени левичарот Алексис Ципрас како премиер, исто така, му достави на својот кабинет список на приоритети до декември, како дел од владиниот акционен план, барајќи од нив да ја забрзаат нивната имплементација.

„Јас ќе бидам првиот што луѓето ќе го оценуваат“, изјави тој за својот кабинет, составен од 50 министри и заменик-министри.

На министрите им беа дадени строги упатства за да се избегнат потенцијални судири на интереси, вклучувајќи забрана за вработување на роднини од прв или втор степен.

„Владата треба да работи како подмачкана машина“, рече Мицотакис.

Спонзорирано: