12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Eлените во Јапонија умираат поради туристите

Властите во Јапонија издадоа предупредување до туристите да не ги хранат елените бидејќи во утробата на повеќе мртви животни пронашле пластика, пишува „Гардијан“.

Во Нара, Јапонија, властите ги предупредија посетителите да не ги хранат дивите елени кои се туристичка атракција на градот бидејќи забележале дека повеќето од нив умреле затоа што јаделе пластични кеси.

Иако во градот има натписи на англиски и на кинески јазик на кои пишува дека елените може да се хранат само со специјални крекери кои немаат пластична обвивка и кои можат да се купат во локалните продавници, туристите не ги почитуваат тие инструкции. Тие носат храна во кеса и им ја даваат на елените, а потоа ги фрлаат кесите кои елените ги јадат бидејќи им мирисаат на храна.

Нара елените се познати по тоа што ги напаѓаат посетителите кои им фрлаат храна или се обидуваат да направат селфи со нив, а во Јапонија веруваат дека се божји гласници и се прогласени за национално богатство во 1957 година.

Спонзорирано: