13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доживотен затвор за тинејџерот од САД што му ја отсече главата на пријателот

Метју Борхес (18), тинејџер од Масачусетс кој пред три години го уби својот пријател, исто така тинејџер, доби доживотна затворска казна, според Си-ен-ен.

Телото на несреќниот Ли Мануел Вилорија-Полина беше откриено на бреговите на реката Меримак во декември 2016 година, а пронајденото тело немаше раце и глава.

Судијката Хелен Казањиан изрече две доживотни казни за Метју Борхес од Лоренс. Пресудата беше донесена за помалку од два месеца откако Метју беше прогласен за виновен за убиство од прв степен. За време на судењето, обвинителството откри дека убиството е извршено поради љубомора.

Спонзорирано: