19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот амбасадор во САД поднесе оставка по скандалот

Британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, поднесе оставка по скандалот со обелоденетата дипломатска депеша во која жестоко го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го некомпетентен и неспособен, пренесува „Спутник“.

„Не веруваме баш дека оваа администрација ќе стане суштински понормална, помалку дисфункционална, помалку непредвидлива, помалку поделена, помалку дипломатски несмасна и неспособна“, напишал Дерок во еден од големиот броја обелоденети документи кои се однесуваат на периодот од 2017 година до денес.

Британскиот Форин офис не ја оспори автентичноста на овие документи, но наведе дека нивното објавување претставува „штетно однесување“ и дека јавноста очекува дипломатите да дадат искрени проценки на политиката во земјата во која се на служба.

Трамп го натрече Дерок глупак откако британскиот дипломат го опиша како неспособен и некомпетен. Американскиот претседател пред тоа изјави дека веќе не сака да соработува со амбасадорот Дерок.

Британскиот естаблишмент од петни жили се труди да ја намали штетата предизвикана од обелоденувањето на доверливите документи на британскиот амбасадор во САД, во кои тој жестоко го критикува Трамп. Но и покрај сè, јасно е дека се поголем дел од истиот тој естаблишмент се согласува со сè што е речено во документот, посочува „Спутник“.

Спонзорирано: