4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Помпеo му се закани на Иран со „зголемување на изолацијата и санкции”

Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, му се закани на Иран со „зголемување на изолацијата и санкции”, откако Техеран потврди дека Иран ќе почне да збогатува ураниум на повисоко ниво од договореното и покрај противењето на меѓународната заедница.

„Најновиот развој на нуклеарната програма на Иран води кон поголема изолација и повеќе санкции. Треба да се вратиме на старата политика, која на Иран му забранува збогатување на ураниум. Режим на Иран опремен со нуклеарно оружје ќе стане уште поголема закана за светот”, напиша Помпео на Твитер.

Иранските власти соопштија дека ќе почнат со збогатување на ураниум до ниво што е забрането според договорот. Дозволеното ниво е до 3,67 проценти.Иранските мерки се одговор на повлекувањето на САД од договорот и повторното воведување санкции.

Договорот за иранската нуклеарна програма го постигнаа во 2015 година во Виена Иран и шесте големи сили – САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија.