10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Опозицијата во шок: Новиот автопат ќе се вика Гоце Делчев

И покрај тоа што опозицијата преку разни канали и преку надворешни, но и внатрешни сили се обидуваше да го отвори ионака непостоечкото прашање околу македонскиот револуционер Гоце Делчев, новиот автопат ќе се вика Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев нема ништо против името на автопатот Миладиновци-Штип да остане „Гоце Делчев“. Оваа одлука е донесена од претходната власт уште кога почна изградбата на делницата и е објавена во Службен весник.Заев вчера рече дека не е запознаен со таквата одлука но оти ќе ја почитува.

Ако е така така ќе остане.Нема потреба од промена. Ако има завршено веќе процедури околу именувањето на патот одлично-изјави премиерот.

Опозицијата изминатиот период се обидува да го дестабилизира процесот на членство на Македонија кон НАТО и ЕУ, преку отворање на непостоечкото прашање со Гоце Длечев. На сличен начин опозицијата минатата година се обиде да ги вметне и прашањата околу името на нацијата и јазикот, што за среќа помина неуспешно, а според Преспанскиот договор се зашитити Македонската нација и Македонците, а за прв пат се призна и Македонскиот јазик. Опозицијата или не сфаќа или намерно прави вакви проблеми кои што и’ прават огромна штета на Македонската држава, а единствено политички профит имаат одредени структури кои не и мислат добро ниту на опозициската партија, ниту на државата.

Според аналитичарите, впечатлив е фактот како да опозицијата да се радува на евентуални проблеми со кои би се соочила Македонската власт со членството во НАТО и ЕУ. А очигледен пример се посочува радоста на опозициските структури од недобивањето на старт на почеток на преговори на Македонија со ЕУ во јуни, како што претходно беше најавено, несфаќајки дека напредувањето на Македонија кон ЕУ членството носи придобивки за сите, без разлика на нивната партиска определба.

Бившиот режим беше препознатлив преку провокации кон соседите со цел да се закочи интеграцијата на земјата кон ЕУ и НАТО. Со години намерно беа креирани прашања со кои Македонија беше одалечувана од интеграциите, а со цел на внатрешно разгорување на националистичките структури, што на крај есапот беше поголем рејтинг тогашната политичка елита. Токму таквите процеси ја фрлија нацијата во тотална депресија, економијата на колена, а според одредени извори над 600.000 Македонци за време на режимот се иселиле од Македонија.

Спонзорирано: