20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во Германија измерени рекордни 38,9 степени во јуни

Во Германија вчера бил измерен нов историски рекорд за месец јуни, кога во централните делови од земјата температурата достигнала 38,9 степени Целзиусови.

Пред само неколку дена во Кошен, недалеку од границата со Полска, беа измерени 38,6 степени, со што беше соборен 76-годишниот рекорд за месец јуни.

Претходниот температурен рекорд, 38,5 степени, во Германија во јуни беше измерен во 1947 година во југозападниот дел од земјата.

Топлотниот бран зафати голем дел од западна Европа, а метеоролозите предвидуваат дека би можеле да бидат соборени историските рекорди кога станува збор за висината на температурите во делови од континентот.

Спонзорирано: