3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВИДЕО: Груевски налета на „незгоден’ новинар во Судот

Неделава поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, беше изнесен на Суд околу барањето за есктрадиција поради настаните во македонското Собрание.

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, одби да одговори на новинарските прашања, но налета и на незгодни новинари. Новинар го праша Груевски зошто молчи, а тој не одговори ниту на тоа, ниту како живее, како се финансира и дали прима средства од унгарскиот буџет.

На Суд дојде со очила за сонце и со безбол капче и предизвика големо внимание.

Одлучено беше да не биде екстрадиран.

Потоа, се огласи на Фејсбук.

– Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати, напиша тој.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157490248852716