9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна патнички авион во Русија, пилотите загинаа

Патничкиот авион Ан-24 на авиокомпанија „Ангара“ принудно слета на аеродромот во Нижнеангарск во Бурџатија при што и двајцата пилоти загинаа, меѓутоа сите патници беа спасени.

Според медиумите, сите 42 патници и едно дете биле извадени од остатоците од авионот, меѓутоа 19 биле пренесени во болница поради добиени телесни повреди.

Авионот летал од аеродромот во Нижнеангарск за Улан-Уд, но кратко време по полетувањето му откажал еден мотор, што ги навело пилотите да одлучат да се вратат.

Според првичните информации, авионот при слетување излетал од пистата на 100 метри, удрил во фабриката за прочистување на водата и се запалил.