23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Доаѓаат пеколни температури: Какво време најавува УХМР?

Од понеделник времето ќе биде стабилно и доста топло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР известуваат дека в петок и за време на викендов ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а в петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Времето денеска е сончево со мала облачност. Од пладневните часови, според прогнозите на УХМР, облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Преку денот ќе дува претежно умерен североисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Спонзорирано: