20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАИЗБОР

Рецепт: Направете сочен колач од кокос за само 15 минути

Овој рецепт ќе ги израдува сите зафатени домаќинки! Едноставно се подготвува, вкусен е, но и ефтин!

СОСТОЈКИ:

Мерката е чаша од 2 дл.

1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша кокос , 1 ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 2 чаши брашно, 1 лажичка прашок за пециво

ГЛАЗУРА:

100 грама чоколадо, 3 лажици масло

ПОДГОТОВКА:

Со ред, со лажица или жица, измешајте ги состојките. Смесата ставете ја во мал побрашнет и намастен плех (20х17) и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути. Проверете со чепкалка дали е печен. На пареа или тивок оган, растопете го чоколадото со масло и прелијте го преку колачот. Штом глазурата се стегне, може да го сечите.

ПОСЛУЖУВАЊЕ:

Поедноставно не може да биде, а колачот е сочен и вкусен, воопшто не е сув. Идеален десерт со кафе! Пријатно!

Спонзорирано: