Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Албанската опозиција го потврди ставот за бојкот на изборите

izbori

Обединетата албанска опозиција не ја признава одлуката на албанскиот изборен колегиум, кој не ја уважи уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на изборите. Со тоа опозицијата останува на ставот дека на 30 јуни нема да бидат одржани локалните избори во земјата.

„Оваа недела ќе кулминираат народните протести. Ова не се избори. Ние не ги признаваме, ова се избори на господинот Рама и ние ќе ја почитуваме уредбата на претседателот Мета за одложување на изборниот процес. На 30 јуни нема да има избори, нашиот отпор ќе биде уште поголем“, изјави Дашамир Шехи од Движењето за национален развој по состанокот на обединетата албанска дијаспора.

Според неговите зборови, одлуката на изборниот колегиум нема никаква вредност.