11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Рецепт на денот: Похован кашкавал

Една од првите асоцијации кога ќе се спомне похован кашкавал најчесто е свадба 🙂 Сепак, овој деликатесен рецепт можете многу едноставно да си го подготвите дома или кога ќе ви дојдат гости на ручек.

Потребни состојки:
400 гр мешан тврд кашкавал, 2 јајца, 4 лажици брашно, 4 лажици лебни трошки, масло за јадење

Начин на подготовка:
Кашкавалот го сечеме на 4 парчиња по отприлика 100 грама.

Јајцата се матат со 1 лажица вода.

Секое парче кашкавал се потопува најпрво во вода, потоа убаво се поминува од сите страни во брашно, следно во јајцата и на крај во лебни трошки.

Приготвените парчиња се оставаат во фрижидер 2 часа да се стегнат.

Ги пржиме во сад со загреано масло. Откако ќе се испржат, се ставаат на салфетка да се впие вишокот на масло

Се сервираат со тартар сос и парчиња лимон.

Спонзорирано: