Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Еве како да направите домашен чипс во микробранова – ЗА САМО 10 МИНУТИ!

Ако сакате чипс, ова видео е за вас. Ви пренесуваме рецепт: како да направите чипс за само 10 минути!

Компирот исечете го на тенки парчиња. Стаклениот сад од микробрановата печка добро намачкајте го со масло и на него наредете ги парчињата компир. Компирот посолете го по желба и ставете го во микробранова на 10 минути на најјака температура. Доколку сакате чипс со црвена пиперка, едноставно ставете мелена црвена пиперка на парчињата компир.