15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го урнал американското беспилотно летало, објавија американските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп во последен момент ги отповика планираните воздушни напади на Иран, по уривањето на набљудувачкиот дрон на 20 јуни. Но во тајност, тој сепак одобрил противудар во вид на компјутерски напад на иранскиот одбранбен систем, објавија „Јаху! Њуз“ и „Вашингтон Пост“.

„Вашингтон пост“ наведува дека на удар од еден од тие напади биле компјутерите за контрола на лансирање на проектили и ракети. „Јаху! Њуз“ пак пишува дека друг хакерски напад бил насочен кон шпионската мрежа, која го надгледува преминот на бродови низ Хормушкиот теснец.

Според пишувањата на „Вашингтон Пост“, хакерските напади биле одговор на нападите на нафтените танкери во Ормунскиот теснец. Вашингтон го обвинува Иранза тие напади, но Техеран не прифаќа никаква вмешаност.

Спонзорирано: