23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Саша Поповиќ и Ристе Ристески ја бараат новата македонска ѕвезда!

Во понеделник (24 јуни) со почеток во 9 часот во просториите на телевизија Канал 5 започнува големата македонска аудиција за најгледаното и најреномираното музичко шоу во регионот – „Ѕвездите на Гранд“.

Честа да помогне во изборот на македонските талентирани пејачи кои ќе продолжат да ја градат својата кариера на големата сцена на Гранд во Белград ја има токму единствениот македонски победник и супер ѕвезда во продукцијата, маестралниот Ристе Ристески.

– Ве поканувам сите талентирани пејачи да дојдете на големата аудиција во Скопје и да ги покажете своите квалитети. Не очекува уште една фантастична сезона со многу новитети која не смеете да ја пропуштите! Се гледаме во понеделник!, вели Ристе Ристески.

Пријавувањето се врши со повик на телефонскиот број 072 208 206, но доколку не успеете да се пријавите, а сакате да бидете дел од аудицијата тогаш дојдете во понеделник во 9 часот во просториите на Канал 5 и бидете дел од големиот спектакл наречен „Ѕвездите на Гранд“.

Спонзорирано: