23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Милошоски да си поднесе оставка од функцијата пратеник зошто ги излажа граѓаните

Најнеуспешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски лажеше додека беше на власт, а лаже и денес како пратеник од опозицијата, на штета на сопствената држава, обвини владејачката партија СДСМ.

„Не успеаја лагите на Антонијо Милошоски во кои тврдеше дека дури 7 земји членки се против нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ. Таквите лаги и официјално се демантирани.

Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси и интересите на граѓаните. Откако се докажа дека свесно лаже, Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно лажат и манипулираат. Милошоски не е достоен да ја врши функцијата пратеник“ стои во партиската реакција.

Спонзорирано: