13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламската држава може да се сврти кон Индија по поразите на Блискиот Исток

По претрпените порази на Блискиот Исток, терористичката Исламска држава сега може да се сврти кон Индија организирајќи подземни ќелии во разни држави од втората по големина земја во светот, предупредува локалната разузнавачка агенција, пренесува РТ.

Индија стана поранлива на заканата од терористички напади инспирирани од ИД според НДТВ цитирајќи три разузнавачки писма испратени до шефовите на полицијата во државата Керала.

„По губењето на територијата во Ирак и Сирија, ИД ги повикува оперативците да почнат насилни форми на џихад додека престојуваат во своите земји“, пишува во едно од писмата.

Терористичката група исто така може да ги таргетира клучните инсталации во Кочи, најнаселен град во Керала со 2 милиона луѓе, се вели во друго писмо. Локалните полициски службеници проценуваат дека околу 100 жители на Керала се приклучиле на ИД во изминатите неколку години, а околу 3.000 биле дерадикализирани и сега се под надзор.

Јужната држава лежи во близина на Шри Ланка, каде што терористичките напади во април резултираа со смрт на повеќе од 250 христијани што го славеа Велигден.

Веста е објавена кога едно гласило поврзано со ИД наводно објавило за создавањето на Вилаја ал-Хинд или Индиска провинција. Набргу потоа терористичката група соопшти дека воспоставила дополнително упориште наречено Вилаја Пакистан.

ИД предизвика хаос во Сирија и Ирак, каде што воспостави калифат и наметна строги правила на шеријатот. Сега групата пропаѓа во регионот по успешните кампањи на сириските владини сили поддржани од Русија и ирачката војска поддржана од САД.

Спонзорирано: