23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Нови прислушувани разговори против Рама, тој најави тужба

Германскиот весник „Билд” објави нови снимки од прислушувани разговори на кои се слуша како функционери од владејачката Социјалистичка партија во Албанија, се договорат за закани, купување и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја.

На прислушуваните разговори се слушаат гласовите на актуелниот албанскиот премиер Еди Рама, поранешниот министер за економија, директорот на албанското Министерство за внатрешни работи, Арбен Кеши и други официјални претставници на Социјалистичката партија во земјата.

И во други прислушувани разговори, функционери на Социјалистичката партија бараат купување и манипулаци со гласови. Веднаш по објавувањето на снимките, Јавното обвинителство за сериозни кривични дела најави истрага против лицата кои ги извадиле ваквите материјали од датотеките.

„Обвинителството за сериозни кривични дела внимателно ја следи новата ситуација без преседан, која сериозно влијае на имиџот на албанската обвинителска канцеларија, а е настаната со кршење на законот”, се вели во соопштението на јавниот обвинител.

Албанскиот премиер, пак, по овој повод најави тужба против германскиот новинар Питер Тиде.

По ова, на „Фејсбук“ тој доби одговор од Тиде, кој напиша дека Рама не чул за независно судство, па затоа повикува на истрага од обвинителството.

Спонзорирано: