8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарија му оддаде почит на поранешниот премиер

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со својата сопруга положи бели ружи на гробот на починатиот поранешен премиер Имре Наѓ во знак на сеќавање.

Наѓ беше комунистички реформатор, кој се бореше за поблага верзија на комунизмот, но тенковите на Москва ја задушија револуцијата од 1956 година и тој беше уапсен и обесен на 16 јуни 1958 година за вмешаност во неа.

Наѓ беше повторно погребан во 1989 година, на истиот ден од неговото погубување. Стотици илјади луѓе излегоа за да го следат повторното погребување на Плоштадот на хероите, што се сметаше за крај на комунизмот во Унгарија.

Пред триесет години Виктор Орбан, кој во тоа време беше млад либерален политичар, одржа говор на погребот со кој ја почна својата политичка кариера.

Но, само неколку стотини луѓе беа на 30-годишнината од погребот на Наѓ, која се одржа за време на викендот.