15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Рускиот амбасадор ги отфрли тврдењата на Болтон за нов договор за одбрана со Венецуела

Рускиот амбасадор во Венецуела, Владимир Заемски, ги отфрли неодамнешните изјави на американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, за наводниот нов договор за одбрана меѓу Каракас и Москва како лажни истакнувајќи дека рускиот претседател потврдил оти нема нови договори со латиноамериканската држава, пренесува „Спутник“.

Болтон на 16 јуни изјави дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ѝ исплатил на Москва 209 милиони долари за да ја обезбеди нејзината континуирана поддршка. Неколку руски официјални претставници претходно посочија дека последниот договор за одбрана помеѓу двете држави бил потпишан пред Мадуро да стане претседател.

„Ова е само уште една измислена приказна со која Болтон очигледно треба да ја одржи илузијата дека Венецуела претставува лажна закана за која, се разбира, е одговорна Русија. Рускиот претседател Владимир Путин јасно посочи пред само неколку дена дека не сме потпишале нови договори со Венецуела во последно време“, рече тој.

Болтон претходно тврдеше дека Мадуро лошо управувал со финансиите на својата земја и наводно ѝ платил 209 милиони долари на Русија за договор за одбрана за да ја купи поддршката на Москва. Сепак, тој не ги даде деталите за наводниот договор меѓу двете земји или за датумот кога бил потпишан.

Двете земји го потпишаа последниот договор за снабдување со воена опрема на Венецуела во 2001 година, но договорот беше и потпишан и исполнет долго пред Мадуро да стане претседател.

Шефот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, посочи дека и покрај интересот за руската воена опрема, Каракас не може да си дозволи да ја купи токму сега поради економските проблеми и санкциите од САД.

Во исто време Русија продолжува и годинава да врши одржување на испорачаната опрема. Појавата на руската екипа за одржување предизвика критики од Вашингтон, при што Москва беше обвинета за дестабилизација на ситуацијата во Венецуела, но Кремљ го бранеше нивното присуство, кое е во согласност со обврските на договорот.

Спонзорирано: