18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руската војска им дава хуманитарна помош на бегалците од сириски Идлиб

Центрите за привремено сместување во сириската провинција Латакија примија бегалци од зоната за деескалација на Идлиб, каде што се во тек воени активности, изјави портпаролот на рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Сергеј Смолински, додавајќи дека руската војска обезбеди хуманитарна помош за бегалците, пренесува ТАСС.

„Тие имаат потреба од помош бидејќи не се соочуваат само со хуманитарни, туку и со психолошки проблеми“, рече тој.

Офицерите од рускиот центар продолжуваат да дистрибуираат пакети храна и постелнина меѓу бегалците додека воените лекари им даваат медицинска помош.

Според гувернерот на Идлиб, Фади Садун, властите се решени да направат сè што е можно за да ги охрабрат луѓето да се вратат во своите домови.

„Многу семејства го напуштиле Идлиб. Според нашите податоци, околу 7.500 бегалци престојуваат во Латакија, 11.000 се засолниле во Хама, а другите се преселиле во Хомс, Дамаск, и во други градови. Наша цел е да ги вратиме и да ги вложиме сите напори за таа цел. Процесот ќе почне веднаш штом ситуацијата во Идлиб ќе се подобри“, рече тој.

Во согласност со одлуката на Русија, Иран и Турција – гарантите на сирискиот прекин на огнот – во мај 2017 година се формираа зони за деескалација во Сирија. Тие ги вклучуваат Идлиб, некои делови од соседните области во Латакија, Хама и провинциите Алепо, источна Гута, како и некои области во провинциите Дара и Ал Кунеитра во јужна Сирија.

Дамаск ја презеде контролата врз три од четирите зони во 2014 година, но зоната што ја покрива провинцијата Идлиб и одредени делови од провинциите Латакија, Хама и Алепо сè уште се контролирани од терористите од Џабат ал-Нусра.

Шефот на рускиот Центар за помирување, генерал-мајор Виктор Купчишин, претходно изјави дека граничниот премин Суран бил воспоставен за да се обезбеди излез на цивилите од зоната за деескалација во Идлиб.

Според последните податоци, од 40.000 до 80.000 луѓе се подготвени да ја напуштат областа. Привремено сместување е обезбедено за нив во провинциите Хама, Хомс и Деир ез-Зор.

Спонзорирано: