18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за скопјанец, во комбе криел 33 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против А.А.(26) од скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 14.06.2019 година во 22 часот на улицата „Индустриска“ во Куманово, при контрола на товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници. А.А. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одреден му е триесетдневен притвор.

Спонзорирано: