4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поразително е тоа што владата на Британија молчи пред расизмот на Трамп, вели пратеничка од опозицијата

Пратеник ја обвини владата на Британија дека му прогледала низ прсти на претседателот Доналд Трамп за неговите расистички коментари за градоначалникот на Лондон, јавуваат локални британски медиуми.

Наз Шах од опозициската Лабуристичка партија вели дека владата не успеала да му се спротивстави на Трамп и да ги одбрани етничките малцинства додека тој упатувал расистички коментари кон лондонскиот градоначалник.

„Ако Доналд Трамп може да ја поддржува екстремната десница и да користи расистички навреди за да го напаѓа градоначалникот на Лондон, а притоа нашата актуелна премиерка или некој потенцијален иден премиер не го осудува тоа однесување, тогаш тоа создава опасен и загрижувачки преседан“, вели Шах.

„Малцинствата се директна цел на омразата и фанатичкото однесување“, додава Шах.

„На кого ќе се потпрат овие групи луѓе кога ќе им биде потребна поддршка? Тишината од страна на нашата конзервативна влада е поразителна“, вели таа.

Коментарите на Шах следуваа откако Трамп го нарече градоначалникот на Лондон национален срам.