9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕУ размислува да воведе екоданоци што би ги поскапеле авиобилетите

Европските земји разгледуваат можност за воведување нови даноци во авиосообраќајот поради загадувањето што се создава, кои значително би ги зголемиле цените на авиобилетите.

Со месеци во авионската индустрија се дискутира за воведување еколошки даноци поради критиките дека комерцијалното воздухопловство е одговорно за голем дел од вкупните емисии на јаглероден диоксид (СО2).

Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), се работи за два процента од вкупната количина на овие издувни гасови, а невладината организација Climate Action Network проценува дека станува збор за пет проценти, пренесува „Танјуг“.

Шведска веќе воведе данок за керозин, кој во моментот изнесува од шест од 38 евра од авиобилет, а во оваа земја се сè погласни ставовите дека еколошка срамота е да се патува со авион.

Франција ја разгледува можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои опција за патување со воз, пократко од пет часа.

Белгија и Холандија на почетокот од годината го иницираа прашањето за загадувањето, а се очекува тоа да биде и една од темите на состанокот на Советот на министрите за транспорт на ЕУ во Луксембург.

Се вели дека и другите земји од ЕУ исто така внимателно ја следат ситуацијата.

„Постојат разни опции за системот на даноци за загадување, а Франција добро ќе разгледа кој систем е најдобар“, рече францускиот министер за транспорт.