12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија предизвика потрес на границата меѓу Кина и Северена Кореја

Силен потрес бил почувствуван денеска на границата меѓу Кина и Северна Кореја, пренесуваат светските медиуми.

Кинеските власти се сомневаат во експлозија.

Сè уште не е познато за што точно се работи. Би-би-си на „Твитер“ пишува дека експлозијата може е да потекнува од повеќе работи вклучувајќи и можност таа да била предизвикана во некој од околните рудници.

Според податоците од кинескиот центар за мерење земјотреси, во 19.38 часот по локално време бил почувствуван земјотрес со јачина од 1,3 степен според Рихтер. Потресот бил почувствуван во градот Хзнчун недалеку од границата.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг неделава треба да ја посети Северна Кореја, првпат по 14 години.

Спонзорирано: