18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот град на Велика Британија.

Неговите коментари следат по серијата напади во Лондон за помалку од 24 часа, во кои загинаа тројца мажи, а тројца други беа повредени.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, рече дека Трамп е “апсолутно ужасен”.
„Г-дин Трамп ја користел “трагедијата на луѓето кои беа убиени за да го нападне градоначалникот”.

Во одговор на обвинувањата на Трамп, портпаролката на градоначалникот Кан, напиша дека мислите на градоначалникот се со семејствата на жртвите и дека тој нема да го троши своето време одговарајќи на вакви твитови.

„За вакво насилство нема место во нашиот град. Нема поголем приоритет за мене од безбедноста на жителите на Лондон“ напиша Кан.

Во петокот, 18-годишно момче беше избодено до смрт во Вандсворт, јужно од Лондон, а само неколку минути подоцна, 19-годишно момче беше смртно застртелано во Пламстед, југоисточно од Лондон.

Маж на 30-тина години почина откако вчера беше избоден со нож во „Тауер Хамлет“. Исто така вчера двајца мажи беа избодени со нож во Клефам, а друг беше избоден во Брикстон.

Спонзорирано: