7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Невреме ќе ја зафати Македонија

– Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, се вели во Метео предупредувањето издадено од УХМР.

За денес пак се најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне на места, особено во планинските подрачја ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ=9

Прогноза за 17.06.2019
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°С до 34°C
Претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7

Прогноза за 18.06.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7

Прогноза за 19.06.2019
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=8

Спонзорирано: