8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

СДСМ: Имаме највисок раст на странски инвестиции на Балканот, од дури 260 отсто

Вистинските економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се препознаени и забележани од светот, истакнуваат од владејачката партија.

„’Извештајот за инвестициите во светот 2019′ на Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава оти во Извештајот се вели дека во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто.

„Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година. Покрај растот на економијата, на БДП од 4,1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17,8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец“, нагласуваат од партијата додавајќи дека извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет.