9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца малолетни браќа се задушиле во фрижидер играјќи криенка во Киргистан

Двајца малолетни браќа загинаа во Киргистан поради недостиг на воздух откако играјќи си криенка, се заглавиле во фрижидер, пренесе „Дејли мејл“.

Шестгодишниот Давид и четиригодишниот Никита играле криенка во селото Михајловка во Киргистан. Полицијата верува дека во расипаниот фрижидер, кој бил исфрлен во двор во близина на нивната куќа, најпрво се скрил постариот брат, а по него дошол и помладиот. Потоа вратата се затворила и момчињата веќе не можеле да ја отворат.

Кога родителите Роман (28) и Јулија (27) забележале дека момчињата ги нема подолго време, почнале да ги бараат. Тие го обиколиле целото село, а по неколку часа пребарување повикале полиција. По извршениот претрес на куќата, полицијата ги прегледала и соседните дворови и ги нашла момчињата во фрижидерот. Родителите се обиделе да ги реанимираат своите синови, но било предоцна.

Полицијата соопшти дека момчињата биле пронајдени по пет часа претрес и дека умреле од гушење.

„Родителите почнале потрага по децата откако забележале дека ги нема подолго време. Пет часа подоцна, децата беа пронајдени во фрижидер покрај куќата кој не можеле да го отворат одвнатре и починале во него“, се наведува во полициското соопштение.

Спонзорирано: