11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Втора жртва на ебола во Уганда, двајца други се хоспитализирани

Жена од Конго стана втората пациентка во Уганда која починала од ебола откако вирусот ја премина границата од Демократска Република Конго, а две други лица се на одделот за интензивна нега, објави во четвртокот официјален претставник на Министерството за здравство на земјата.

50-годишната жена била баба на петгодишно момче кое почина во вторникот вечерта откако со своето семејство премина од Конго во Уганда, објави министерството.

„Бабата, исто така, почина минатата ноќ“, изјави претставникот, Емануел Ајнбејона, за „Ројтерс“.

Тој рече дека двајцата други пациенти кои се во карантин се тригодишниот брат на мртвото момче и 23-годишен Уганданец, кој покажувал симптоми на ебола. Резултатите од тестовите на 23-годишното момче се очекуваат во текот на денешниот ден, додаде тој.

Уганда ги забрани јавните собири во областа Касесе, каде што пациентите се лекуваат, рече Ајнбејона.

Сегашната епидемија на ебола започна во август минатата година во источниот дел на Конго и веќе инфицирала најмалку 2.062 лица, при што загинаа 1.390 од нив. Инфекциите во Уганда потврдуваат дека смртоносната болест за првпат се шири надвор од Конго.

Уганда веќе има вакцинирано многу здравствени работници и е релативно добро подготвена да го спречи вирусот да се шири и понатаму.

Светската здравствена организација (СЗО) ќе достави 3.500 дополнителни вакцини и ќе започне со вакцинација на уште повеќе луѓе овој петок. СЗО, исто така, ќе свика комитет за вонредни состојби за да одлучи дали епидемијата е меѓународна јавна здравствена вонредна состојба и како да се справи со истата.

Властите се соочуваат со потешкотии да ја спречат болеста делумно поради тоа што здравствените работници во источниот дел на Конго, епицентарот на епидемијата, постојано се под напад.

Спонзорирано: