12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција го отфрли ултиматумот, ќе продолжи со купување руски ракети

Турција нема да ја промени својата одлука да купи руски ракетни одбранбени системи С-400 и ги отфрла сите ултиматуми по ова прашање, рече во четвртокот министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, како одговор на предупредувањата од САД.

Коментарите на Чавушоглу беа одговор на прашањето за писмото во кое извршниот секретар на одбраната на САД, Патрик Шанахан, ја предупреди Турција дека ќе биде исфрлена од борбената програма Ф-35, освен ако Анкара не ја промени насоката во однос на плановите за инсталирање на системите С-400.

Спонзорирано: