13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведската полиција откри сомнителен предмет во истиот град каде минатата недела се случи експлозија

Областа околу полициската станица во јужниот шведски град Линкпинг беше затворена во средата изутрина поради потенцијално опасен пакет-објект, соопшти полицијата, само неколку дена откако експлозија го потресе градот.

Полицијата соопшти дека бомбашкиот оддел ќе го испита предметот, но портпаролот рече дека ништо не укажува поврзаност меѓу инцидентите, ниту на било каква опасност поврзана со објектот пронајден во средата.

Во петокот, експлозија на една станбена улица во Линкопинг оштети неколку згради и повреди околу 20 лица.

Во последниве години имало неколку случаи на експлозиви искористени во напади поврзани со банди, а полицијата испитува дали експлозијата во петокот била поврзана со локалните криминални групи.

Областа што беше затворена во Линкопинг вклучува окружен суд и шведскиот национален форензички центар.

Спонзорирано: