20.8 C
Скопје
5. август 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште е во матрицата на деструкција и одбрана на кримнал, СДСМ се менува во интерес на граѓаните

– Додека СДСМ покажува дека ги слуша пораките и се менува во корист на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ си тера по старата матрица на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓани, се вели во реакцијата на Владејачката СДСМ.

– Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се обвинети за сериозни кривични дела, наместо да поднесат оставки, продолжуваат со деструкција и одбрана на криминалот.

Одговорноста, моралните вредности и демократските принципи остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

По убедливиот пораз на претседателските и поразот на локалните избори во Охрид и Ново Село, вистинското прашање е кога Мицкоски ќе си поднесе оставка од чело на партијата која ги загуби и претседателските и вонредните локални избори?

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за демократија се додека делува по инструкции од Будимпешта. Мицкоски нема кредибилитет да зборува за одговорност се додека има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ коие се обвинети за сериозни кривични дела а не си поднесуваат оставки, се вели во рекацијата на СДСМ.