11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин смени двајца полициски генерали поради апсењето на новинарот Голунов

Рускиот претседател Владимир Путин смени двајца полициски генерали поради апсењето на истражувачкиот новинар Иван Голунов, под обвинение за наводна трговија со дрога, кое беше отфрлено кога Владата призна дека нема докази дека тој го извршил злосторството.

Голунов (36) беше уапсен пред една недела, а медиумите известуваа дека тој бил тепан и дека 12 часа му било ускратено правото за адвокат. Голунов тврди дека случајот му е наместен.

Апсењето предизвика големи протести, а Министерството за внатрешни работи во вторникот ги отфрли обвиненијата и побара од Путин да смени двајца полициски генерали.

Кремељ соопшти дека се сменети шефот на одделението за борба против дрога, Јури Девјаткин и шефот на полицијата за западна Москва, Андреј Пушков.

Спонзорирано: