19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон е поголем загадувач на воздухот од држави како Португалија и Шведска

Американското Министерство за одбрана е најголемиот институционален потрошувач на фосилни горива во светот и емитува повеќе штетни гасови од развиените земји, како што се Португалија и Шведска, покажуваат резултатите од едно научно истражување.

Пентагон, во чија надлежност е американската војска, во периодот од 2001 до 2017 година создал околу 1,2 милијарда метрички тони стакленички гасови, според истражувањето објавено од страна на Универзитетот „Браун“, кое е прво со толку детаљни податоци во однос на овој проблем, пренесе американската ТВ-мрежа Си-ен-би-си.

Емисиите на Пентагон во секоја од тие години биле поголеми од вкупните емисии на повеќе мали земји, тврдат авторите на студијата.

Резултатите покажале дека ако Пентагон се третира како држава, неговите емисии би го направиле 55. најголем емитувач на штетни гасови во светот.

За распоредување војници и оружје отпаѓа речиси 70 отсто од потрошувачката на енергија на Пентагон, главно поради согорување млазно и дизел-гориво, се проценува во студијата.

Во 2017 година Пентагон eмитувал околу 59 милиони метрички тони јаглероден диоксид и други стакленички гасови, со што, како што се додадава во студијата, ги надминал годишните емисии на држави како Португалија и Шведска.

Спонзорирано: