12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема преживеани во паднатиот индиски авион АН-32

Авион АН-32 на Индиските воздухопловни сили (ИАФ) со 13 патници исчезна минатата недела по полетувањето од Јорхат, но остатоците од авионот беа пронајдени во вторникот во оддалечена област во индиската држава Аруначал Прадеш.

Од ИАФ објавија дека осум членови на спасувачкиот тим стигнале на местото на несреќата утрово, но дека нема преживеани на местото на несреќата.

Авионот полета на 3 јуни и се упати кон соседната држава Аруначал Прадеш, каде што еден час подоцна требало да слета на воен аеродром во близина на селото Мечука. Набрзо потоа врските со авионот биле прекинати.

Истиот ден, индиската војска, заедно со владините и цивилните структури, почна голема операција за пребарување.

Спонзорирано: