11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија меѓу најлошорангираните зејми во однос на породилното отсуство

Британија е рангирана како една од најлошите земји во Европа во однос на платено родителско отсуство и квалитетни градинки за деца по достапна цена, соопштија од ОН.

УНИЦЕФ изработи ранг-листа од 31 земја според времетраењето на породилното отсуство на мајките и татковците, како и бројот на деца на претшколска возраст што се запишани во градинка.

Единствените земји од Европа што се најдоа подолу на листата од Британија беа Кипар, Грција и Швајцарија.

Голем број родители велат дека за нив градинките се прескапи, па најчесто тие не ги запишуваат.

Според УНИЦЕФ, ова истражување покажува со колку предизвици се соочуваат родителите за да направат баланс помеѓу работата и семејните обврски, особено за своите деца.

Според ранг-листата, највисоко котираат Шведска, Норвешка и Исланд.

УНИЦЕФ тврди дека политиките што одат во прилог на семејствата се еден начин на зацврстување на врската помеѓу партнерите и нивните деца, а со тоа и клуч за развој на семејствата и општеството.

УНИЦЕФ додава и дека новите родители треба да добиваат 6 месеци платено отсуство и евтини градинки.

Во Британија 73 отсто од децата се запишани во градинка. За споредба, 51 отсто од децата на возраст до 3 години во Хрватска посетуваат градинка или некаков дневен престој, а во Белгија и Исланд 99 отсто.

Законски во Британија е дозволено породилно отсуство од 2 недели.

Спонзорирано: