7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борис Џонсон победи во првиот круг од гласањето за наследник на Меј

Борис Џонсон, кандидатот за нов лидер на ториевците, кој вети конечен брегзит на 31 октомври, со или без договор, дојде чекор поблиску до водење на Велика Британија кога по првиот круг на изборите доби најголема поддршка од претставниците на Конзервативната партија за наследник на премиерката Тереза ​​Меј.

Три години откако Британците со 52 отсто гласа „за“ и 48 отсто „против“ одлучија да ја напуштат Европската Унија, Велика Британија се движи кон можна криза во врска со брегзитот бидејќи повеќето од кандидатите што имаат амбиција да ја наследат Меј се подготвени да ја напуштат Европската Унија и без договор.

Но, британскиот Парламент најави дека ќе се обиде да избегне таков излез за кој инвеститорите предупредуваат дека би можел да доведе до потреси на финансиските пазари и глобалната економија.

Џонсон, поранешен министер за надворешни работи и градоначалник на Лондон во два мандата, во првиот круг ја доби поддршката од 114 претставници од вкупно 313 конзервативци што гласале.

Од другите десет кандидати најуспешни беа актуелниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, со 43, министерот за животна средина – Мајкл Гоув со 37, односно Доминик Рааб, поранешен министер за брегзит, со 27 гласа.

Спонзорирано: