12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија и Словенија се за продолжување на проширувањето на ЕУ

Претседателите на Австрија и Словенија, Александер ван дер Белен и Борут Пахор, денеска изразија поддршка за продолжување на процесот на проширување на ЕУ и отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија.

„За кредибилитетот на ЕУ би било добро ако во овој случај преземеме чекори и не ги разочараме луѓето во тие земји“, посочи Ван дер Белен на заедничката прес-конференција во Виена.

И претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, во разговорот со Пахор истакнал дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Пахор и Соботка исто така посочиле дека интеграцијата на балканските земји е долг процес, кој бара трпеливост.

Во исто време претседателот на Словенија, според соопштението на австрискиот парламент, истакнал дека Западен Балкан во преговорите за ЕУ треба да се гледа како целина.

Спонзорирано: