11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанскиот парламент ја почна процедурата за отповикување на Мета

Албанскиот парламент ја почна расправата за предлогот на владејачката Социјалистичка партија за гласање недоверба на претседателот Илир Мета.

Тоа беше предложено откако Мета го поништи указот за одржување локални избори на 30 јуни.

Се очекува дека гласањето за доверба на претседателот на Албанија да се одржи по пет часа расправа.

Мета ги откажа локалните избори стравувајќи, како што сам наведе, дека тензиите ќе прераснат во граѓанска војна, бидејќи опозицијата ги бојкотирала заканувајќи се дека ќе го спречи гласањето.

На владејачката Социјалистичка партија ѝ се потребни 94 гласа „за“, за да го смени Мета, бројка која, како што наведува АП, ја немаат во парламентот, кој го чинат вкупно 140 пратеници.

Дури и ако добијат 94 гласа „за“, Уставниот суд ќе донесе конечна одлука, иако овој суд беше нефункционален речиси една година откако мнозинство судии беа разрешени.

Албанскиот премиер Еди Рама инсистира локалните избори да се одржат на 30 јуни, нагласувајќи дека претседателот Мета веќе не заслужува да остане на таа функција.

Спонзорирано: