19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ многу лесно шири лаги, но вистината е дека се враќа достоинството на земјоделците

Крајно несериозно е Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за грижа на полето на земјоделството, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на претставникот од опозициската партија, кој рече дека производството, наместо на откуп, завршува на буниште.

Воедно, од СДСМ додаваат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ги игнорирала вистинските и реални потреби на земјоделците.

„Цветан Трипуновски како поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство и поранешен вработен во МЗШВ треба да знае дека откупот на краставицата е веќе на крајот, а не на почеток. Трипуновски, наместо да шири лаги и невистини, треба многу добро да знае дека на почетокот на откупот цената на краставицата беше од 70 до 80 денари, а според пазарните услови цената се намалува на крајот“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава дека откупот и продажбата на земјоделските производи бележат раст и во првиот квартал од годинава се повисоки 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

Од СДСМ додаваат дека со мерките што тие ги преземаат како партија на власт се враќа достоинството на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец.

Спонзорирано: