17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛЕТНА ШЕМАЗДРАВЈЕ

Доколку се ладите со клима уред во овие врели денови, не правете го никогаш ова

Колку и да ви е жешко, не ја подесувајте климата на зимска температура, бидејќи така можете да го загрозите своето здравје.

Стручњаците велат дека треба да одржувате оптимална разлика помеѓу надворешната и собната температура, која не би требало да биде поголема од седум степени.

Имено, кај преголемите температурни разлики доаѓа до промена во кардиоваскуларниот систем, а проблеми можат да се јават и кај здрави лица.

Оптималната температура на која организмот функционира е 24 и 26 степени Целзиусови. Се што е пониско од тоа не е здраво за човечкото тело.

Водете сметка да не седите директно под клима уредите бидејќи ладниот воздух ако е насочен, да речеме, во главата, може да преизвика грчење на мускулите на лицето, а кога климата ви дува во врат или грб немојте да се изненадите ако се укочите.

Спонзорирано: