Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Се преврте брод кај грчкиот остров Лезбос, седум загинати меѓу кои и деца

фото илустрација

Четири жени, две деца и маж се удавија кога чамец со кој се пренесувале се превртел недалеку од грчкиот остров Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража.

Како што се наведува, останатите 57 патници се спасени, а акцијата за спасување сè уште трае, пренесе „Ројтерс“.

Сè уште не е позната националноста на жртвите.

Пет спасувачки чамци и еден хеликоптер и натаму ја пребаруваат областа во потрага за евентуални преживеани, а спасените се однесени на пристаништето Митилини, пренесе „Катимерини“.

Голем број мигранти и бегалци се обидуваат да преминат од Турција во Грција, што е кус но опасен пат на Егејското Море, а временските услови се често многу лоши.