7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведската полиција застрела човек кој се заканувал на железничката станица во Малме

Полицијата застрела маж кој се заканувал на централната железничка станица во Малме, Шведска, утрово. Делови од соседството се етикетирани како озлогласени зони на криминалот со дрога и бандите, пренесува „Спутник“.

„Полицијата беше испратена таму и беа принудени да го застрелаат лицето што се заканувало”, изјави полицискиот портпарол Кале Персон за „24Малмо“.

Станицата била евакуирана, а на местото на настанот била повикана екипа за деактивирање бомби. Не се пријавени други повредени, а прерано е да се каже дали инцидентот е поврзан со тероризам, соопшти полицијата. Повредениот е пренесен в болница.

Шведска преживеа тежок терористички напад во 2017 година, кога поддржувач на Исламска држава влета во толпа со камион на прометна улица во Стокхолм, при што загинаа пет лица.

Голем број медиумски извештаи тврдеа дека населбите во Малме се „забранети зони” како резултат на насилството на бандите. Градот забележа голем прилив на имигранти, кои, наводно, вршат силен притисок врз неговите ресурси.

Спонзорирано: