20.8 C
Скопје
5. август 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

СДСМ: Мицкоски, Николовски, Каракамишева и ВМРО-ДПМНЕ бадијала навиваат за неуспех

Мицкоски, Николовски, Каракамишева и ВМРО-ДПМНЕ бадијала навиваат за неуспех на државата, одиме напред, имаме најпозитивен извештај, реагира СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа единствени што не го признаваат успехот на државата во последната година, нотиран и во најпозитивниот извештај на Европската комисија откако сме земја кандидат за членство во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговите соработници како Тања Каракамишева и Александар Николовски гласно навиваат Северна Македонија да не ги почне преговорите со ЕУ иако Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите.

За само две години, од заробена држава станавме светол пример во регионот. Тоа е признаено од сите освен од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека државата прави крупни чекори во евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување, но не нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато.

Им се допаѓало тоа или не, Северна Македонија станува 30. земја членка на НАТО и напредува во интеграцијата кон ЕУ, наведе СДСМ во реакцијата.