14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австралиската полиција продолжува да трага по исчезнатиот белгиски турист

Австралиската полиција трага по 18-годишен белгиски турист, кој веќе 11 дена се води за исчезнат од крајбрежниот град Бајрон Беј, велејќи дека се сериозно загрижени за неговата благосостојба.

Тео Хајез исчезна по напуштањето на еден бар во Бајрон Беј, доцна на 31 мај. Од тогаш не е виден.

„Сериозно сме загрижени за неговата благосостојба, бидејќи неговиот пасош и лични предмети се пронајдени во хостелот“, се вели во изјавата на полицијата во Нов Јужен Велс.

Полицијата беше известена за неговото исчезнување на 6 јуни, откако тој не се појавил во својот хостел и никој не можел да го најде. Пребарувањето е сведено на две области во близина на центарот на Бајрон Беј, врз основа на неговите последни телефонски записи, соопшти полицијата.

Хајез патувал низ Австралија од ноември и требаше да се врати во Белгија оваа недела, објавија медиумите.

Спонзорирано: