Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Црна Гора планира да отвори две нафтени дупки на дното од Јадранското море

На почетокот на февруари следната година планирано е да се започне со дупчење на две локации на црногорското подморје, кои ги истражуваат копаниите „Ени“, „Новатек“ и „Енерган“, објави директорот на Црногорската администрација за јаглеводороди, Владан Дубљевиќ.

Според него, со една од дупките ќе се бара нафта на длабочина од 6,5 километри, а со друга гас на 1,5 километри, пренесува „Танјуг“.

„Дали имаме нафта и гас ќе знаеме кон средината на следната година. Управата очекува резултатите од снимањето да ја одредат локацијата за дупчење, а следната недела ќе пристигне брод кој ќе спроведе софистицирани геофизички истражувања“, вели Дубљевиќ.

Тој додава дека компаниите за истражувања на нафта многу ризикуваат, но исто така постигнуваат и завидни резултати.