20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Политичка криза во Албанија, Рама не се откажува од власта

Поддржувачите на албанската опозиција вчера повторно го повикаа премиерот Еди Рама да поднесе оставка и да го отвори патот за нови избори, а полицијата на новиот бран демонстрации одговри со водени топови и солзавец.

Носејќи транспаренти со пораки „Рама оди си“ неколку илјади демонстранти со овации го поздравија говорот на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, кој рече дека локалните избори закажани за 30 јуни, ќе бидат откажани со претседателски декрет.

Опозицијата веќе два месеца протестира барајќи оставка на Еди Рама, кој е на власт од 2013 година, односно одбива да учествува на локалните избори.

„Нашата борба ќе продолжи до заминувањето на Еди Рама“, рече Баша пред поддржувачите на осмиот по ред протестен собир од февруари, кога пратениците од неговата партија ги прекинаа врските со парламентот.

„За неговата оставка не може да се преговара“, рече Баша.

Сепак, Рама на средба која се одржа во јужниот дел на земјата, порача дека изборите ќе се одржат на 30 јуни и дека социјалистичкото мнозинство е решено до крај да ги спроведе судските реформи кои се од клучно значење за европската иднина на Албанија, пренесува АФП.

Протестниот марш во саботата се одржа неколку дена откако германски весник објави дел од тајни аудио-снимки, кои откриваат дека познат шверцер на дрога од Драч купувал гласови за Социјалистичката партија на Рама на изборите во 2017 година.

Рама ги отфрли обвинувањата и тврди дека видеото е политичко средство за уцена на владата.

Спонзорирано: